Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска од Битола најави ослободување од плаќањето на персоналниот данок и социјалните придонеси за работодавачите кои ќе вработат широка категорија на граѓани. Работодавачите кои ќе вработат млади лица до 35 години ќе бидат ослободени од плаќање на персонален данок и придонеси во рок од три години, а ќе имаат обврска да го задржат работникот уште една година, рече Груевски. За работодавачите, како што истакна премиерот, кои ќе вработат лица на возраст од 35 до 50 години, а кои биле 10 години без работа ќе бидат ослободени од персонален данок и придонеси пет години со обврска уште една година да го задржат работникот. Оние, пак, кои ќе вработат лица над 50 години ќе бидат ослободени од персонален данок и социјални придонеси пет години без обврска после тоа да ги задржат вработените, нагласи Груевски.
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска од Битола најави ослободување од плаќањето на персоналниот данок и социјалните придонеси за работодавачите кои ќе вработат широка категорија на граѓани.
„Работодавачите кои ќе вработат млади лица до 35 години ќе бидат ослободени од плаќање на персонален данок и придонеси во рок од три години, а ќе имаат обврска да го задржат работникот уште една година“, рече Груевски.
За работодавачите, како што истакна премиерот, кои ќе вработат лица на возраст од 35 до 50 години, а кои биле 10 години без работа ќе бидат ослободени од персонален данок и придонеси пет години со обврска уште една година да го задржат работникот.
„Оние, пак, кои ќе вработат лица над 50 години ќе бидат ослободени од персонален данок и социјални придонеси пет години без обврска после тоа да ги задржат вработените“, нагласи Груевски.
Тој додаде дека оваа мерка ќе се однесува и за оние кои ќе вработат лица над 58 години. Тие фирми ќе бидат ослободени од персонален данок и придонеси, односно до пензионирањето на тој работник. – Оние работодавачи, пак, кои ќе вработат лица од ранливите категории како што се самохраните родители, лицата од еднородителските семејства, оние со три или повеќе деца…, ќе бидат ослободени од плаќање на персонален данок и придонеси во рок од пет години без обврска да ги задржат вработените, додаде тој.
Со новите мерки кои опфаќаат многу голем популација, како што истакна Груевски, се очекува бројот на вработени драстично да се зголеми.
Со мерката за вработување на млади до 29 години по овој принцип се вработени 7.400 лица за 11 месеци.